Хроника 13. ноември 2020. / 16:54

Кривична против чегранец кој измамил соселанец дека за 1.500 евра ќе го вработи син му

Кривична против чегранец кој измамил соселанец дека за 1.500 евра ќе го вработи син му

Кривична пријава против 63-годишен жител на село Чегрене, поднесе полицијата поради основано сомневање дека во мај 2019 година од соселанец земал 1 500 евра, ветувајќи му дека ќе го вработи син му во државна фирма.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 63-годишниот Н.М.(63) од село Чегране поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека пријавениот во мај 2019, со намера да прибави противправна имотна корист, го довел во заблуда оштетениот Ј.А.(64) од Гостивар, ветувајќи му дека ќе го вработи неговиот син во државна фирма поради што во два наврата му зел вкупна сума од 1.500 евра, а ветувањето не го исполнил.