Хроника 25. октомври 2018. / 15:42

Кривична пријава за тетовски дилер на хероин и кокаин

Кривична пријава за тетовски дилер на хероин и кокаин

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47. годишник од овој град, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што информираат од МВР, на 19. месецов бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронајдени и одземени биле 42,5 грама хероин, 119 грама мешавина од парацетамол и кофеин, хартија со остатоци од хероин и кокаин, како и две дигитални ваги, од кои една со остатоци од хероин и кокаин.