Хроника 19. јануари 2021. / 10:14

Кривична пријава за насилниците кои се однесуваа агресивно кон патниците во ЈСП

Кривична пријава за насилниците кои се однесуваа агресивно кон патниците во ЈСП

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Р.З.(31) и Х.И.(31), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик.

По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава.