Хроника 21. ноември 2018. / 10:13

Кривична пријава за малолетници од Тетово – извршиле 13 кражби

Кривична пријава за малолетници од Тетово – извршиле 13 кражби

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(17) од село Озормиште, Л.Ч.(15) и Б.М.(16), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела .

Во периодот од 29.06.2018 година до 04.09.2018 година пријавените со употреба на алат влегувале во верски објекти, куќи, фудбалски клуб и други објекти во Тетово и одземале пари, мобилни телефони, спортска опрема, акумулатори, машина за перење возила и украсни дрвца, со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 229.600 денари.