Хроника 10. јуни 2020. / 18:15

Кривична пријава за кочанчанка која го оставила своето деветмесечното бебе на пат

Кривична пријава за кочанчанка која го оставила своето деветмесечното бебе на пат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 20.05.2020, нејзиниот сопруг отишол во Германија, а пријавената ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на децата, при што четири од своите малолетни деца ги оставила кај свекрвата, а најмалото, деветмесечно бебе го оставила на патот на ул.„Поп Арсов Блаже“.