Кривична пријава против 29-годишен жител на тетовското село Горно Орашје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.
На 26.01.2018 во Тетово пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот. На овој начин пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.