Хроника 01. август 2018. / 15:16

Кривична пријава против скопјанец и велешанец за продажба на кокаин

Кривична пријава против скопјанец и велешанец за продажба на кокаин

СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје и Г.Л. (51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 23.02.2018 година на улица Финска во Скопје второпријавениот од првопријавениот набавил 24 грама кокаин, по што со такси-возило заминал за Велес. На автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатниот пункт кај Сопот, при преглед на такси-возилото и второпријавениот, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле 24 грама кокаин.