Хроника 14. јуни 2020. / 22:43

Кривичен пресуди казна од 10.000 евра за Нина Цаца Биљановска

Кривичен пресуди казна од 10.000 евра за Нина Цаца Биљановска

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на кожната клиника Нина Цаца Биљановска порaди пренесување на заразна болест.

Скопското обвинителство ова го потврди за ТВ Алсат, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа, по што целата кожна клиника беше оневозможена да работи. Ова е првостепена пресуда и Биљановска има право на жалба.