Хроника 17. октомври 2018. / 10:34

Криминалец со нож ограбил аптека во населбата Даме Груев

Криминалец со нож ограбил аптека во населбата Даме Груев

Разбојник, вооружен со нож, ограбил аптека во населбата Даме Груев, во општина Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, кражбата се случила на 3 овој месец во аптека на улица Лука Геров.

„С.П. (32) од Скопје на 3 октомври околу 20:50 часот во аптека на улица Лука Геров со закана со нож од вработената одзел 35 000 денари од касата, по што побегнал. По преземени мерки и активности, С.П. бил приведен на 12 октомври. Во разговор со полициски службеници пријавениот го признал делото, а ги посочил и местата каде што ги фрлил предметите што ги носел на себе при вршењето на кривичното дело“, соопштија од МВР.

Против С.П. е поднесена кривична пријава за разбојништво.