Хроника 07. април 2018. / 15:55

Кражба: Делчевец останал без својот „Ланд Ровер“

Кражба: Делчевец останал без својот „Ланд Ровер“

А.Д. (31) од Делчево синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Делчево пријавил дека истиот ден во периодот од 19.30 до 19.45 часот му било одземено неговото возило „Ланд Ровер Дискавери“ со бугарски национални ознаки.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.