Хроника 04. септември 2018. / 15:38

Крадец украл ќебиња – бабата и внукот го стигнале

Крадец украл ќебиња – бабата и внукот го стигнале

Вчера околу 17 часот на ул. „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на Б.П. (34), непознато лице извршило разбојничка кражба. Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња.

Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат. На ул.„Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.