Хроника 10. февруари 2021. / 10:39

Ковид пациент се самоубил со скок од првиот кат на болницата ГОБ „8-ми септември“

Ковид пациент се самоубил со скок од првиот кат на болницата ГОБ „8-ми септември“

Пациент утрово си го одзеде животот со скок од прозорец на првиот кат на ГОБ „8 Септември“ во Скопје каде се лекувал од ковид.

Случајот го потврди МВР од каде соопштуваат дека се работи за пациент на 70-годишна возраст и персоналот од болницата го пријавил случајот како самоубиство.

Засега нема повеќе детали за случајот ниту за тоа колку време се лекувал во ковид центарот и каква била неговата состојба.