Ноќта меѓу 30 и 31 мај на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, полициски службеници привеле косовски државјанин откако во неговото товарно возило „сканија“ со скопски регистарски таблички откриле 113 мигранти.
Според билтенот на МВР, триесетгодишниот И.П. од Косово мигрантите ги пренесувал во ладилник.
Се работи за 110 лица од Бангладеш, едно од Индија и двајца од Мјанмар. Полицијата најавува дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против притворениот.