Хроника 01. септември 2018. / 15:54

Контролор на ЈСП нападнал патник зашто одбил да плати билет

Контролор на ЈСП нападнал патник зашто одбил да плати билет

Дваесет и осум годишниот Т.Б. од Скопје вчера навечер во полиција пријавил дека истиот ден околу 17 часот на улицата “Љубљанска” во автобус на ЈСП број 15 бил нападнат од страна на контролор со тупаница во пределот на устата.

Според пријавата, контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта, но тој одбил па во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.