Хроника 07. септември 2018. / 10:55

Клима го запали Министерството за образование

Клима го запали Министерството за образование

Околу 07.30 часот вчера во објектот каде што е сместено Министерството за образование и наука на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во канцеларија на 11-ти кат избувнал пожар.

Во пожарот бил опожарен клима уред.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.