Хроника 16. мај 2020. / 20:19

Ќе се испитува дали 14 годишното девојче од Лабуништа кое почина утрово имало корона вирус

Ќе се испитува дали 14 годишното девојче од Лабуништа кое почина утрово имало корона вирус

Девојчето утрово било донесено во струшката болница во тешка здравствена состојба со повраќање, а претходно имала и температура.

На четиринаестгодишното девојче од струшкото село Лабуништа кое утрово почина на пат кон Ургентниот центар во Скопје, му било земено брис за да се испита дали евентуално било позитивно на ковид-19. Ова го соопшти директорот на болницата, Мухамед Асани.

Девојчето утрово било донесено во струшката болница во тешка здравствена состојба со повраќање, а претходно имала и температура.

Било препратено во Скопје, но по пат починала. Во ова струшко село имаше голем број на смртни случаи како последица на новиот вирус.