Хроника 15. февруари 2021. / 12:19

Ќе има реконструкција на случајот за убиството на Ангел Петковски

Ќе има реконструкција на случајот за убиството на Ангел Петковски

Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен.

Судењето против обвинетитот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РМ е вратен на потворно одлучување.

Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот каде со нож беше прободен младиот Ангел Петковски.

Претходно обвинетитиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која беше потврдена од скопската апелација.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.