Хроника 17. октомври 2020. / 16:19

Кичевчанец позитивен на корона се обидел да се качи во авион на аеродромот во Скопје

Кичевчанец позитивен на корона се обидел да се качи во авион на аеродромот во Скопје

На Mеѓународниот аеродром во Скопје бил приведен патник, кој иако бил тестиран позитивно на коронавирус, се обидел да се качи во авион и да замине од државата, објави ТВ21.

Според информациите, се работи за лице од кичевското место Зајас, кое е испратено во карантин од страна на полицијата и лекарски тим.

Случајот за ТВ21 го потврди и полицијата на скопскиот аеродром.

Извор: ТВ 21