Хроника 09. октомври 2020. / 22:15

Кичевчанец одгледувал канабис во својот дом

Кичевчанец одгледувал канабис во својот дом

На 08.10.2020 полициски службеници од Полициската станица Кичево, врз основа судска наредба, извршиле претрес во домот на И.Ј.(47) од Кичево, при што пронашле и одзеле растенија канабис сатива засадени во саксии и шприцеви со црна течност.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.