Хроника 05. мај 2020. / 13:21

Казни од 74 000 евра за 37 скопјани кои не го почитувале полицискиот час

Казни од 74 000 евра за 37 скопјани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје предложи казни од по 2.000 евра за секој за 37 лица за непочитување на полицискиот час.

Од ЈО информираат дека сите обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час.