Хроника 13. октомври 2020. / 11:00

Казнети 97 возачи во Шуто Оризари

Казнети 97 возачи во Шуто Оризари

Само на територијата на општина Шуто Оризари во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 97 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека за возење без возачка дозвола санкционирани се 27 лица, 24 возила биле технички неисправни и нерегистрирани.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.