Хроника 23. октомври 2020. / 11:15

Казнети 915 лица поради неносење заштитна маска

Казнети 915 лица поради неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 915 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.