Хроника 05. октомври 2020. / 21:00

Казнети 77 лица во текот на викендот на подрачјето на СВР Велес

Казнети 77 лица во текот на викендот на подрачјето на СВР Велес

Како што информираат од СВР Велес, во период 03./04 октомври за носење на лична заштита казнети сe 84лица и тоа, 48 во Велес,13 во Кавадарции и 23 во Неготино.

Во периодот пак од 02./03 октомври за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 59 лица, од кои 39 во Велес,18 во Кавадарции и две лица во Неготино.

Од СВР Велес упатија порака да се почитува Уредбата за носење на лична заштита со цел да не бидат принудени да ги казнуваат и со крајна цел од Ковид-19 да го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани.