Хроника 25. септември 2020. / 09:40

Казнети 647 граѓани за неносење заштитна маска

Казнети 647 граѓани за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 647 граѓани за неносење заштита на лице – маска, информираат од МВР.

Со тоа по овој основ од почетокот на неделата досега се изречени повеќе од 2 500 казни или околу една казна на 1 000 жители.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19.

Казната за неносње маска за физички лица е 20 евра во денарска противвредност.