Хроника 26. ноември 2020. / 11:52

Казнети 599 граѓани поради неносење маска

Казнети 599 граѓани поради неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 599 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.