Хроника 17. декември 2020. / 10:57

Казнети 341 возач во Скопје, 25 возеле без дозвола

Казнети 341 возач во Скопје, 25 возеле без дозвола

Во Скопје вчера биле изрешени вкупно 341 меркa, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола.

Дополнително 31 лице возеле технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 се санкционирани за користење на мобилен телефон и изречени се 17 санкции за минување на црвено светло. Изречени се 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 16 санкции, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.