Хроника 10. ноември 2020. / 13:28

Казнети 299 лица за неносење маска

Казнети 299 лица за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република С. Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 299 прекршоци.

Во денешното соопштение Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.