Хроника 17. јули 2020. / 10:12

Казнети 218 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Казнети 218 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Регистрирани се 218 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република С. Македонија.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.