Хроника 21. мај 2020. / 10:58

Казнени налози од по 2.000 евра против 23 лица за движење во полициски час

Казнени налози од по 2.000 евра против 23 лица за движење во полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации – информираат од Обвинителство.

За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог да им се определи парична казна од по 100 дневни глоби со износ на секоја дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.