Хроника 01. јуни 2019. / 12:14

Кавадарчанка со туѓа картичка украла над 79.000 денари од банкомат

Кавадарчанка со туѓа картичка украла над 79.000 денари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 34 годишна жена со иницијали Р.Ѓ. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Полицијата соопшти дека пријавената во период од девет месеци, од банкомати во Кавадарци, од дебитна и кредитна банкарска картичка на Б.Ѓ. од Кавадарци подигнала 79.200 денари.