Хроника 18. јули 2018. / 11:01

Кавадарчанец претепан со метална шипка

Кавадарчанец претепан со метална шипка

Кавадарчанец се бори за живот на скопските клиники откако бил претепан со метална шипка од неговиот сосед, синоќа во Кавадарци. Веднаш по насилството Ѓ.Д. (70) бил однесен во болницата во Кавадраци, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Истрагата утврдила дека насилството се случило околу 21 часот додека Д.С. заедно со неговата сопруга С.С. и соседите Ѓ.Д. и П.Д. седеле во двор од куќа во Кавадарци. Во тој момент дошол соседот П.П. (36) кој бил вооружен со метална шипка и го викнал Ѓ.Д. да излезе надвор, по што се доближил до него, од зад грб извадил метална шипка и го нападнал Ѓ.Д. удирајќи го по главата и телото. Од ударите претепаниот паднал во безсознание и облеан во крв, по што веднаш била повикана итна помош и полиција.

Полицијата го уапсила напаѓачот П.П. (36) и по расчистувањето на случајот против него ќе поднесе кривична пријава.