Хроника 27. март 2020. / 16:25

„Кашикара“ поставена до автомобил на вработен во тетовскиот затвор

„Кашикара“ поставена до автомобил на вработен во тетовскиот затвор
Архива

Триесетгодишник од Тетово, вработен во тетовскиот затвор, во утринските часови на 26 март во близина на оваа установа, покрај своето возило „фолксваген бора“, забележал бомба „кашикара“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а бомбата е подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.