Хроника 05. април 2018. / 10:10

Каналите повторно се отвораат: Радовишанец фатен како шверцува мигранти

Каналите повторно се отвораат: Радовишанец фатен како шверцува мигранти

Спречен обид за шверц на мигранти на граничниот премин „Богородица“. Во 3:30 часот од страна на гранична патрола, во соработка со мобилна единица во правец на Гевгелија, во обид да биде сопрено возило „ауди” со штипски регистарски ознаки, возачот почнал да бега.

Станува збор за Е.А.(30) од Радовиш, кој бил фатен, а при преглед на неговото возило се пронајдени петмина мигранти од Пакистан на возраст од 18 до 28 години, сите со грчки документи.

Е.А. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициска станица за Граничен надзор „Богородица”, информира полицијата.