Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.
Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а неофицијално, тие се во стабилна состојба. Поради силниот удар, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен, објави А1.он.