Хроника 07. мај 2019. / 18:33

Каменуван автобус, повредени двајца малолетници

Каменуван автобус, повредени двајца малолетници

Каменуван автобус во Скопје. Инцидентот се случил вчера на булеварот АВНОЈ, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, кога едно лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на Кошаркарскиот клуб „Работнички“. Притоа го скршил прозорско стакло од што се повредени две лица.

Х.Н. (17) и М.Б. (17), двајцата од Скопје, добиле повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.