Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Х.(29) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, информира МВР.
На 14.05.2019 година во село Неготино, гостиварско, во напуштена куќа, пријавениот физички го нападнал Ф.П.(46) од Република Албанија и му нанел тешки телесни повреди.