Хроника 03. ноември 2018. / 20:31

Кај штипјанец се пронајдени 77 килограми марихуана

Кај штипјанец се пронајдени 77 килограми марихуана

Кај 40-годишен штипјанец пронајдени се 77 килограми марихуана и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Портпаролката на СВР – Штип, Гордана Панајотова денеска на прес-конференција истакна дека марихуаната е пронајдена кај Б.С. кој пред два дена со велосипед се движел по регионалниот пат Штип-Плачковица, кај селото Стар Караорман.

Тој не застанал на наредбата на полициските службеници, по што откако е фатен, кај него пронајдени се две најлонски ќеси со марихуана со тежина од околу три килограми и осум рачно изработени цигари, џоинт.