На автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на с.Смоквица, вчера во 11 часот, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „ивеко“ со скопски таблици.
Возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место. При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца.
Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.