Хроника 29. август 2018. / 10:09

Кај Нерези е повреден тракторист

Кај Нерези е повреден тракторист

Вчера на локалниот пат село Нерези – село Крушопек, Ф.М.(51) од село Крушопек, управувајќи трактор „ИМТ 533“, изгубил контрола и се превртел, информираат од МВР.

Укажана му е лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.