Хроника 12. февруари 2019. / 11:22

Кај млад скопјанец пронајдно поголемо количество дрога

Кај млад скопјанец пронајдно поголемо количество дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.02.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Милан Зечар” во Скопје, при што пронашле и одзеле хашиш, марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.