Хроника 08. август 2018. / 16:02

Кај Битола се преврте ,,Сканија”, едно лице е повредено (ФОТО)

Кај Битола се преврте ,,Сканија”, едно лице е повредено (ФОТО)

Денес околу 11 часот се случи сообраќајна незгода кај раскрсницата кај с.Крклино во која што се превртил шлепер.

Од СВР Битола го потврдуваат случајот и информираат дека добиле пријава за случена сообраќајна незгода во која едно товарно моторно возило марка „сканија“ се превртело на патот, во која едно лице е полесно повредено.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.