Хроника 27. февруари 2021. / 13:40

Кафеана во Стајковци кршела Ковид мерки – приведени и јавни личности

Кафеана во Стајковци кршела Ковид мерки – приведени и јавни личности

Во угостителски објект во село Стајковци синоќа биле уапсени 18 лица поради непочитување на мерките за заштита и истите биле приведени во полициска станица Гази Баба за преземање понатамошни мерки.

Како што дознава порталот А1он, меѓу приведените се новинарите Миленко Неделковски и Александар Митевски, аналитичарот Александар Пандов и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

– На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19, соопшти СВР Скопје.

Акцијата била на иницијатива на Државниот пазарен инспекторат откако имале дојави дека во кафеаната во Стајковци се прават забави.