Хроника 26. јули 2018. / 18:45

Јовески: Истражувањето за Никола Саздовски продолжува

Јовески: Истражувањето за Никола Саздовски продолжува

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска, на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува.

Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

– Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент Обвинителството постапува во овој случај, но  дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите, потенцира јавниот обвинител.

Прашањето за Саздовски го постави пратеникот Павле Богоевски.