Хроника 08. јули 2019. / 17:29

Јанкулоска го праша инженерот од УБК: Зошто не ми кажа дека сум прислушкувана?

Јанкулоска го праша инженерот од УБК: Зошто не ми кажа дека сум прислушкувана?

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ го запраша сведокот Сашо Трајковски, вработен во УБК зошто кога веќе знаел, не ја известил дека била таргет на нелегалното прислушување.

Сведокот Трајковски на ова одговорил дека случајно открил дека таа е прислушувана откако прочитал една СМС порака и не знаел како да дојде до неа кога била министерка.

Не знаев како да дојдам и да Ви кажам, еј министеркe Ви ги слушаат разговорите, рече Трајковски.

Сведокот претходно напомена дека како главен администратор задолжен за одржување на системот имал можност да види кој се бил таргет на следење и дека бил член на Комисијата што направила попис и донела одлука за опремата што треба да се ништи.