Хроника 22. февруари 2019. / 13:04

Јанакиески ќе бара домашен притвор

Јанакиески ќе бара домашен притвор

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе го обжали судското решение за затворски притвор и ќе побара оваа мерка да биде заменета со домашен.

Поранешниот владин функционер е повторно притворен во истражниот затвор „Шутка“ како сомничен дека е еден од организаторите кои од еден центар го координирале нападот на Собранието на „27 април“.