Во Полициската станица Бит-пазар вчера во 18 часот, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека претходниот ден била измамена од едно лице. Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон и се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица.
Како што пријавила таа, лицето и кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да и помогне да не оди во затвор, а за возврат треба да му даде пари.
Оштетената, според пријавеното, му дала 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена – соопшти МВР во дневниот билтен.