Телата на двајцата работници кои утрово беа потрупени со земја при ископ на канал во скопската населба Чаир се извлечени и однесени од погребално возило.
Во трагедијата екипата на противпожарната бригада претпладнево успеала да извлече еден жив работник и истиот со повреди на телото е пренесен во Градската болница Наум Охридски. Полиција го обезбедуваше местото ан настанот бидејќи имаше насобрано голем број на луѓе.