Хроника 30. јуни 2020. / 19:12

Измамници одзеле 1.000 евра од Дебранец под изговор дека се породува сопругата на еден од нив

Измамници одзеле 1.000 евра од Дебранец под изговор дека се породува сопругата на еден од нив

Жител на Дебар на возраст од 85 годни во пладневните часови на 29 јуни во полиција пријавил дека утрината на пат во Дебар, бил измамен од две непознати лица.

Според неговиот исказ, тие се претставиле како државјани на Израел и на Црна Гора и со прикажување на лажни факти го измамиле со изговор дека им требаат пари за породување на сопругата на едниот од нив.

За да им помогне, тој им дал 1.000 долари и 100 евра, а како гаранција дека ќе ги вратат парите тие му дале ланец, налик на златен, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.