Хроника 16. април 2018. / 17:19

Измамени граѓани останале без 8.500 евра

Во периодот од 2013 година до јануари 2018 година на жители од Скопје и селата Жилче и Ратае, пријавените за одреден паричен надоместок им нуделе помош за добивање на неповратни парични средства од програмата за рурален развој, и покрај тоа што не ги исполнувале законските услови

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.К.(31) од Скопје и З.С.(55) од село Ратае, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“.

Во периодот од 2013 година до јануари 2018 година на жители од Скопје и селата Жилче и Ратае, пријавените за одреден паричен надоместок им нуделе помош за добивање на неповратни парични средства од програмата за рурален развој, и покрај тоа што не ги исполнувале законските услови.

На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 8.500 евра.