Хроника 04. мај 2018. / 13:59

Изгоре куќа во Штип

Изгоре куќа во Штип

Од страна на Територијалната противпожарна единица Штип вчера во 14 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, било пријавено дека на улицата „Солунска“ во куќата сопственост на 58-годишниот В.М., избувнал пожар. На катот на кој бесенеел пожарот целосно биле опожарени соба, кујна, трпезарија и тераса.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.

Како што информираат од МВР, причина за настанувањето на пожарот најверојатно била неисправна плинска боца.